ВУЧИЌ МУ УЧИНИ НА РЕЖИМОТ: Зоран Божиновски ЕКСПРЕСНО екстрадиран во Македонија

0
549

Македонскиот новинар Зоран Божиновски е екстрадиран во Македонија-објавува српски Тањуг, а од домашното министерство за внатрешни работи потврдуваа за 24 Вести.

Министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски веднаш откако судот решил дека се исполнети сите претпоставки за негово испорачување.

Зоран Божиновски е уапсен утринава во Нови Сад, по потерница од македонските власти за случајот шпиун. Божиновски веќе еднаш беше во екстрадиционен притвор но пред три години беше пуштен на слобода и досега ја чекаше одлуката за азил од српските власти, кој не успеа да го добие.