Saturday, December 14, 2024
1.8 C
Skopje

ВУЧИЌ ИСПРАТЕН ВО ЕТЕРОТ! ТОЈ ДЕН ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО, РЕЧЕ БЈЕЛОГРЛИЌ ЗА МАСАКРОТ ШТО ГО НАПРАВИ КОСТА К

Десетици илјади граѓани на Србија попладнево излегоа на петтиот по ред протест „Србија против насилството“, што го организира дел од опозицијата.
Транспарент со фотографија од српскиот претседател Александар Вучиќ како чекори беше пуштен во воздух на вечерашниот масовен протест против насилството што се одржува во Белград.

„Вучиќ оди си“ пишува на транспарентот кој беше закачен за балони наполнети со хелиум, со боите на српското знаме.

Десетици илјади граѓани на Србија попладнево излегоа на петтиот по ред протест „Србија против насилството“, што го организира дел од опозицијата. Вечерашниот собир почна во 18 часот пред заградата на српскиот парламент во Белград, а маршот на граѓаните требаше да се движи низ повеќе улици и плоштади и треба да заврши во 21 часот пред зградата на претседателството на Србија.Организаторите овојпат ги повикаа граѓаните да понесат по еден цвет и да го остават пред Народното собрание, за да се покаже почит кон жртвите на масовните убиства овој месец.

На протестот овојпат говореа познати српски актери и новинари, како реакција на нападите кон нив од страна на владеачаката партија-СНС, меѓу кои беа Светлана Цеца Бојковиќ, Хаџи Ненад Маричиќ, Иван Ивановиќ, Зоран Кесиќ, Драган Бјелогрлиќ и други.Вечерва прв говореше актерот Ненад Хаџи Маричиќ, кој ги замоли присутните за тишина за да можат да се слушнат 18 удари во чест на жртвите на неодамнешните масовни убиства во Белград и кај Младеновац. Протестите „Србија против насилството“ се одржуваат од 8 мај, а повод се двете масовни убиства – првото на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, и второто ден подоцна, во селата Дубона и Мало Орашје, кај Младеновац.

ОВАА НЕДЕЛА

ПЕТРУШЕВСКИ : АРТАН ГРУБИ И СДС ПРАВЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДСТВОТО. СЕ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ ПО ДИКТАТ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Артан...

КУРТИ ОД ЗАГРЕБ : СРБИЈА НЕ Е ДЕМОКРАТСКА, ТУКУ ПАРАВОЕНА ДРЖАВА

Повтори дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенац....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ