ВУЧИЌ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОРБАН : ТОЈ ЗБОРУВАШЕ УСЛОВНО, ВО СУШТИНА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ДА ПОМИСЛИ НА ТАКВО НЕШТО

0
713

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан условно зборувал кога изјавил дека Унгарија и Србија ја предупредиле меѓународната заедница дека ако било кој со гасоводот Јужен тек направи онака како што направија со Северен тек, тоа ќе го сметаат за терористички чин и ќе реагираат, пишува Еуроњус.

Претседателот Александар Вучиќ ја коментираше изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во врска со гасоводната мрежа Јужен тек.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека Унгарија и Србија ја предупредиле меѓународната заедница дека доколку со ЀЈужен тек се случи она што се случи со Северен, тоа ќе го сметаат како терористички чин.

Заедно со претседателот на Србија (Александар Вучиќ), јасно ставивме до знаење дека ако некој направи со Јужниот тек она што се го направија со Северниот тек, тоа ќе го сметаме за терористички чин или чин на војна и веднаш ќе реагираме. Затоа не го правите тоа.

Ова може да се направи со Германија, но не и со овој регион”, рече Орбан во интервјуто со американскиот новинар и политички коментатор, Такер Карлсон.Орбан додаде дека молкот на Германија за саботажата „Северен тек 2″ е форма на недостаток на суверенитет и додаде дека тоа е германска работа и дека тој не сака да ги критикува, но истакна дека Унгарија, за разлика од Германија и Западот, веднаш ја окарактеризира саботажата како терористички напад.