Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

ВУЧЕВСКА ПЕТКОВСКА: САШКО МИТОВСКИ Е ПРОЧИТАНА ПРИКАЗНА ВО КРИВА ПАЛАНКА, МАНДАТОТ МУ ПОМИНА ВО СКАНДАЛИ, ДОЛГОВИ И ПАРТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНАТА

Прес-конференција на Слаѓана Вучевска Петковска, советничка во советот на Крива Паланка.

Почитувани,

Сашко Митовски, градоначалникот кој што изборите ги доби со ветување дека нема да зема плата , ќе ја укине репрезентацијата и дневниците и дека кабинетот ќе го пресели на приземниот кат за да бил поблиску до граѓаните, испорача скандали, насилство, презадолженост, дуплирање и партизација на општинската администрација и пропаст на јавното комунално претпријатие Комуналец.

Единствениот успех на Митовски, каде може да се каже дека нешто постигнал е искачувањето на врвот на поништени тендерски постапки, факт што доволно говори за вистинските мотиви и начинот на кој ја водеше општината.

Истиот тој градоначалник повторно е кандидат за втор мандат. Но овој пат поради тоа што приватизираниот и заробен СДС со историски најнизок рејтинг во Крива Паланка, нема друг кандидат.

Свесни за изборниот резултат никој друг не ни помислува да се кандидира. Состојбата во СДС е до толку депресивна што немаа ни внатрешен процес на селекција на кандидати. Сашко Митовски е оставен сам да ги изгуби изборите.

Единствено што преостанува е да видиме уште колку скандали ќе приреди до крајот на неговиот мандат и овој пат со кои лажни ветувања прекриени со шарени цвеќиња ќе настапи пред кривопаланчани.

Драги сограѓани,

Веруваме во Вашата мудрост и сигурни сме дека на претстојните избори ќе донесете правилна одлука. Дека нема да дозволите да бидете излажани и изманипулирани од шарените и горки лаги на Сашко Митовски.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ