ВРИЕ ВО БИТОЛА: Битолачани повикуваат на протест и на „граѓанско апсење“ за „Транспортер“!

0
703

Врие Битола по објавата на Специјалното јавно обвинителство за предистражната постапка за новиот случај „Транспортер“ за битолскиот градоначалник и за неговите соработници за злоупотреба на средства за авобускиот превоз на учениците, јавува „Мета“.

Последната истрага на СЈО ги мотивира битолчани да споделуваат свои мислења за обелоденувањето на криминалот во локалната власт, засега само на социјалните мрежи, каде се појавија статуси како „Смрт за фашизмот, слобода за народот“, „Ако Иванов го аболира, народот ќе му суди“, „Граѓанско апсење“ и слични.

Од еколошкото здружение „За нас се работи“, пак, порачуваат: „Ако ние ги плаќаме нашите грешки и престапи преку глоби и казни, и Талески ќе си го плати својот криминал“.

Битолчани преку социјалните мрежи за вечерва во 19 часот повикуваат на масовен протест. Тој, според најавите, ќе почне од плоштадот Будење, пред споменикот на народниот првоборец Стив Наумов, ама не се знае каде ќе заврши.