„ВРЕМЕ“ : НУКЛЕАРНА ИНЖИНЕРКА ОД СРБИЈА ОТПУШТЕНА ОД РАБОТА ПОРАДИ ТВИТОВИТЕ ЗА ВУЧИЌ И БРНАБИЌ

0
634
Решението за отказ го потпишал директорот на Дирекцијата за радијациска и нуклеарна безбедност, Слаѓан Велинов, а неделникот додава дека службата за информирање на Дирекцијата две години ги следела нејзините твитови.Весникот „Време“ пишува дека таа никогаш не ја критикувала власта под нејзиното полно име, ниту во работното време, ниту ја споменала ниту коментирала институцијата во која работи. Претседател на одборот на таа дирекција е Маја Гојковиќ, актуелна министерка за култура, а член на Одборот е потпретседателката на српското Собрание Сандра Божиќ, двете од претседателството на Српската напредна странка.