Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

ВРЕМЕТО СОНЧЕВО ЗА ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, НО СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ НА НЕКОЛКУ МЕСТА. ЕВЕ КАДЕ ЌЕ ИМА ДОЖД

Според прогнозата на УХМР, атмосферата ќе остане претежно стабилна низ целата земја, со исклучок на крајните источни планински предели, каде што попладне постојат услови за слаб локален дожд. Ветерот ќе го засили чувството на свежина, особено во северниот и централниот дел на земјата. Минималните утрински температури ќе се движат од 3°C во Маврово до 11°C во Гевгелија, а максималните дневни ќе достигнат од 16°C во Маврово до 26°C во Гевгелија.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се спушти до 10°C, а дневната ќе се искачи до 25°C. Главниот град ќе остане надвор од зоната на нестабилност, со пријатни услови за прошетки и активности на отворено.

Недела ќе биде слична по карактер – претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во текот на денот ќе преовладува стабилно време низ целата земја. Утрински температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималната од 20°C до 26°C Понеделник носи продолжување на стабилното време, но со поголема облачност кон крајот на денот, особено во западните и северните делови. Во вечерните часови се можни локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде од 6°C до 11°C, а максималните температури од 19°C до 26°C.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ