ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ ПРИЛЕП – КРУШЕВО – СЛАДУЕВО ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ

0
117

Од денес на сила стапува времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600.

Заради тие активности, од денес 07.06.2024 год, сообраќајот веќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај, известуваат од АМСМ.