ВРЕДНА ДОНАЦИЈА ОД ГЕРМАНИЈА ЗА МВР: Вкупно 22 возила од кои 10 од марката “дачиа дастер“ и 12 од марката “форд фокус“ со вредност на возилата од 370.000 илјади евра кои ќе бидат предадени за користење на Бирото за јавна безбедност, за потребите на граничната полиција

0
1080

🇲🇰🇩🇪Вредна донација од Германија наменета за потребите на граничните полициски служби.
Денеска заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн, присуствувавме на свеченото примопредавање на опрема донација од Сојузното МВР на Германија за нашето МВР, во вредност од околу 660.000 илјади евра и тоа:
➡️Вкупно 22 возила од кои 10 од марката “дачиа дастер“ и 12 од марката “форд фокус“ со вредност на возилата од 370.000 илјади евра кои ќе бидат предадени за користење на Бирото за јавна безбедност, за потребите на граничната полиција
➡️Техничка опрема за потребите на Граничната полиција, во вредност од 290.000 евра која се состои од опремата за присилно запирање на возила – модел Стингер, oпрема за напредна проверка на документи – модел Регула, термални камери со долг домет, батериски лампи, светлечки стоп палки, чизми и флуоросцентни елечиња.
Во оваа прилика сакам во свое име и во име на МВР да упатам голема благодарност до германската влада, до нашите колеги од германското МВР не само за вредната донација, туку и за нивната искрена подготвеност за натамошна поддршка и помош, не само во насока на продлабочување на билатералните односи туку и во насока на квалитативно надградување на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.