ВРЕДИ : СЕЛА И ЛОГА ИМААТ ВРЕМЕ ДО САБОТА ДА СЕ ПРЕДОМИСЛАТ!

0
231

Зијадин Села и Кренар Лога смислиле евтино алиби зошто ќе одат спротивно од волјата на мнозинството Албанци. Арбен Таравари јавно им ги понуди печатите на Алијанса на Албанците ако навистина се определени за самостоен настап на изборите. Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи ние знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети.

Затоа и го направи расколот во АА. Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно и недвосмислено се определени да го испратат ДУИ во опозиција.

Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап.