Од „Вреди“ велат дека иницијативата за интерпелација на собранискиот спикер Африм Гаши е бесмислен експеримент и обид за дестабилизација.
Левица поднесе иницијатива за интерпелација која пред пратениците ќе се најде на пленарна седница закажана за во вторник.
„Оваа интерпелација е директен напад врз државните институции и евроатлантската интеграција на земјата. Ова е иницијатива поднесена од анти-НАТО партијата Левица, со отворена поддршка од СДСМ и скриена од ДУИ, кои всушност со ова тестираат проширена опозициска коалиција на штета на стратешките интереси“, велат од „Вреди“.
Од Левица повикаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се вразумат и да ја поддржат интерпелацијата.
Интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на седум точки:
1. Повреда на секуларноста на државата;
2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје;
3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;
4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;
5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери;
6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и
7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.