ВРАВОТЕНИ ВО МАНУ ПОВТОРНО ГО АКТИВИРАА ЛАНСКИОТ ШТРАЈК

0
46

Дел од вработените во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска повторно го активираа штрајкот што го почнаа лани во февруари, а го ставија во мирување еден месец подоцна. Причината, како што информираше претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, е неисполнетото барање за покачување на платите на вработените, за што лани беше потпишана спогодба која требаше да се реализира до 31 декември истата година.

„Бидејќи од потпишаната спогодба не е исполнето, штрајкот повторно се активира и ќе трае сè до исполнување на нашето барање, а тоа е зголемување на платите на вработените“, изјави тој.

Тој апелира барањето на вработените кои штрајкуваат да го слушнат и другите надлежни институции во државата и да помогнат во решавањето на проблемот, а особено, додаде Деаноски, тоа се однесува на Собранието, кое е основач на МАНУ. Истовремено тој ги обвини академиците и раководителите на организациските единици при Академијата дека наместо да преговараат со Синдикатот најмиле адвокатска канцеларија преку која комуницираат со вработените и чија единствена задача е да ги заплашат и да најдат начин да како да го забранат штрајкот.