ВРАБОТЕНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ВОЕДНО И ГАЗДА НА ФИРМА ОД КУМАНОВО МУ ВЕТИЛА 400.000 ЕВРА ОД ИПАРД И МУ ЗЕМАЛА ,,РУШВЕТ”

0
1166

Аплицирал за грант од европската ИПАРД програма во земјоделството, но добил кривична пријава. Газда на фирма од Куманово тврди дека го измамила вработена во Министерството за земјоделство. Шабедин Мустафа во изјава за Алсат вели дека кај вработената ги поднел сите документи во 2018 година, а таа му се понудила да му го подготви бизнис-планот? За тоа му побарала илјада евра. Тој се согласил и ѝ ги платил. Ги собрала документите, а Мустафа добил уверување дека ќе добие неповратен грант од 400.000 евра. Истата вработена од него побарала кај неа да упати и други кои ги познава и кои сакаат да добијат грант.

Тоа и се случило. Но, потоа ја изгубил комуникацијата со неа. Тоа траело се до јули 2020 година. Тогаш таа му рекла да се најдат, но не во Министерството, туку на некој паркинг. Се нашле и му дала решение од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој дека добил грант од 400.000 евра.

Во документот пишува дека половина од парите, 200.000 евра ќе се исплатат за четири работни дена. Но, парите никогаш не стигнале. Исто се случило и со други лица на кои вработената наводно им посредувала за грант. Сите се обратиле во Платежната агенција, но оттаму им рекле дека документите им се фалсификат!