Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

ВО 2024 ВО ИРАН СЕ ЕГЗЕКУТИРАНИ НАЈМАЛКУ 901 ЛИЦЕ

Минатата година во Иран беа егзекутирани најмалку 901 лице, од кои околу 40 беа погубени за само една недела во декември, изјави денеска високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Волкер Турк. „Многу е алармантно да се забележи дека бројот на луѓе кои подлежат на смртна казна во Иран се зголемува секоја измината година“, рече Турк.

Тој додаде дека „крајно време е Иран да стави крај на овој бран на егзекуции“. Според врховниот комесар во 2023 година во Иран биле егзекутирани најмалку 853 лица.На прес-конференцијата, портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Лиз Тросел, објасни дека податоците доаѓаат „од различни организации за човекови права […] кои ги сметаат за веродостојни“.
Според соопштението, повеќето од егзекуциите во 2024 година се однесувале на случаи поврзани со наркотици, но биле егзекутирани и дисиденти и луѓе поврзани со протестите во 2022-2023 година. Од канцеларијата за заштита на правата на човекот соопштуваат за зголемување на бројот на погубени жени.

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ