ВО ЈАПОНИЈА СЕ ОДРЖА СВЕТСКИОТ ДЕН ВО ЧИСТЕЊЕ ЃУБРЕ

0
562

Минатата недела во Токио се одржа првото светско првенство во собирање ѓубре, наречено SpoGomi (комбинација од зборовите спорт и гоми, што на јапонски значи ѓубре).

На улиците на главниот град тимови од 21 земја, вклучително и домаќинот, се натпреваруваа со цел да соберат што е можно повеќе ѓубре за еден час.

Веројатно звучи изненадувачки што победата им припадна на гостите од Велика Британија кои дома го однесоа првиот, историски трофеј. Собрале 58 килограми ѓубре и заработиле 9.046 поени.
„Другите тимови можеби беа повеќе еколошки ориентирани, помалку спортски, а ние бевме спротивно. Од друга страна, научивме што е потребно за чистење на океаните и намалување на отпадот“, изјави Сара Пари, капитен на британскиот тим.

Севкупно, тимовите подигнале 548 килограми ѓубре од улиците на Токио, а бодовите биле доделени врз основа на видот на отпадот, пренесува News York Post.
Освен тоа, не смееле да земаат смет од приватни имоти. Домашниот тим бил малку разочаран, бидејќи не победиле.„Сакавме да триумфираме, но се надевам дека со текот на времето повеќе луѓе ќе се интересираат за прашањето на животната средина“, изјави Томо Такахаши, капитенот на јапонскиот тим.