ВО ТЕТОВСКА ГИМНАЗИЈА ПРОНАЈДЕН ПИШТОЛ

0
404

Во текот на вчерашниот ден, чистачка од тетовската гимназија „7-ми Март“ пријавила дека пронашла пиштол во кругот на училиштето.

„На 05.08.2022 во 10:20 часот во СВР Тетово, вработена во гимназијата „7-ми Март“ во Тетово пријавила дека при чистење во кругот на училиштето бил пронајден пиштол „Eкол фират магнум“ калибар 9 мм со празна рамка во пиштолот. Увид извршила екипа од СВР Тетово, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.