Wednesday, July 16, 2025
25.8 C
Skopje

ВО ТЕК Е ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕНА 400 ПОЖАРНИКАРИ, ЌЕ УПРАВУВААТ СО НОВИТЕ ПРОТИВПОЖАРНИ ХЕРМЕЛИНИ ,,ПИНЦГАУЕРИ”

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата која е набавена за спречување на пожарите, посочува дека во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари.

– Македонската интервентна пожарна единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување.

Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа“, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар, рече вечерва премиерот Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ