Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

УТРЕ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ЌЕ ГО ПУШТИ ВО УПОТРЕБА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КУМАНОВО (СТРАЦИН) – КРИВА ПАЛАНКА НА КОРИДОР 8

Утре 04.01.2025 година (сабота) со почеток во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на експресен пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8.
Изградбата на експресен пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.Инвестициона вредност за изградба е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

Експресниот пат се градеше во две фази и тоа:

Лот 1 делница, Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри Инвестициона вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Лот 2 делница, Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри е завршено во рок.  Инвестициона вредност на изградба е  50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Свое обраќање пред присутните ќе има премиерот Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ