Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ СЕ ПОДИГНАТИ  65 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
реализираа активности за отстранување приближно 65 кубни метри отпад од
диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела
Вода.

Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица),
каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад
одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во
непосредна близина на детското игралиште.

Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен
кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и
на булеварот Македонско-косовска бригада.

Екипите на Претпријатието во текот на викендот подигнаа и 10 кубни метри
отпад одложен долж булеварот Александар Македонски.

Воедно, расчистени се и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од
картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците Димо Хаџи Димов
и Невена Георгиевска-Дуња во скопската општина Кисела Вода.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ