Денешниот ден го искористивме за работни активности на црквата Св. Богородица во Стопански двор.
Со заеднички труд бетониравме 40 метри патека околу целата црква, поставивме летниковец и направивме уште две бетонски основи каде во иднина ќе се постават дополнителни летниковци.
Ова е пример за работа на граѓаните за граѓаните. Жителите на Стопански двор, на Ѓорче Петров секогаш со гордост учествувале на вакви работни акции, за уредување на јавните простори.
Така беше и денеска, така ќе биде и во иднина.
Фејсбук статус на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.