ВО СОБРАНИЕТО СЕ СЛУЧИЛ ИНЦИДЕНТ: СОПАРТИЈЦИТЕ ЦЕЛ ДЕН ГО ЗАБОРАВИЛЕ МИЦЕВСКИ СО СКАФАНДЕР ВО КАБИНА БЕЗ ВОДА И ХРАНА

0
683

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој во четвртокот во Собранието на Република Северна Македонија се појави во скафандер, бил вознемирен откако неговите сопартијци го заборавиле во кабината, без никаков контакт, брифира една пратеничка од опозициската партија.

Мицевски телефонски реагирал до неговите сопартијци попладнето дека цел ден бил оставен во кабината, без никаков контакт. Тој се пожалил дека никој не му се ни јавил да го праша како се чувствува, ниту пак да му понуди вода или некакво освежување.

Како што брифира пратеничката, Мицевски се пожалил дека да не биле службите на Собранието, но и координаторот на пратеничката група на СДСМ, кој постојано му праќал сокови и вода, тој ќе останел и без тоа.