ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН НОВИОТ БУЛЕВАР НИКОЛА КАРЕВ ПОД КАСАРНАТА ИЛИНДЕН

0
220

Денеска официјално се пушти во употреба новaта делница на булеварот Никола Карев на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток.

Со овој проект постојниот коловоз се прошири на 4 сообраќајни ленти, со разделно зеленило и нови пешачко-велосипедски патеки од двете страни. Исто така, се направи и нова атмосферска канализација и потпорен ѕид во должина од 690 метри, а поставено е и ново лед осветлување од двете страни.

За потсетување, минатата пролет Градот Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит-пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.

#СкопјеЕднаПоинакваПриказна #ЧекорПоЧекор #скопје #skopje

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.