ВО СЕВЕРНА ОСЕТИЈА СЕ УРНА РУСКИ ВОЕН АВИОН ПРИ ШТО ЗАГИНА ЦЕЛИОТ ЕКИПАЖ

0
75

Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија поради техничка неисправност, а екипажот загина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Во Република Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион Су-34 на руските воздушни сили се урна за време на редовен тренинг лет“, се вели во соопштението, а пренесува РИА Новости.

Се додава дека авионот се урнал во ненаселена област.

Во соопштението се наведува дека, според прелиминарните информации, причина за падот на авионот е техничка неисправност и дека на местото на падот на авионот пристигнала воена истражна комисија.