ℹ️ Заедно со заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули ги посетивме институциите кои добија средства по повикот од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.
✅ На овој повик општина Пробиштип аплицираше и доби средства за целосна замена на столаријата во ЈОУГД Гоце Делчев, објект Изворче, чијашто реализација е во завршна фаза, како и за хортиклутурно уредување на дворната површина во објектот Срничка, која ќе следи во периодов.
✅ За ООУ Никола Карев се обезбедени средства за замена на системот парно на нафта, дрва и јаглен во чилер систем на топлотни пумпи, со што се намлуваат трошоците за греење, се подобруваат условите за настава во училиштето, но истовремено и најважно се намалуваат емисиите на штетни гасови и директно се подобрува животната средина. Благодарност до Владата на Република Северна Македонија и Министертсвото за животна средина.
✅ Продолжуваме да работиме за подобрување на животната средина, како еден од врвните приоритети на нашата општина.