ВО ПРИЛЕП РОКНА НОВА ПРИЈАВА, ЖАРЕ СТЕВАНОСКИ : СПОМЕНИКОТ НА КРАЛ МАРКО ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП Е ДИВОГРАДБА ОД 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

0
2102

Прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски реагира со нова пријава на поставувањето на најавениот споменик на Крал Марко во центарот на Прилеп. Заради прекршување на постапката за подигање спомен обележја од страна на Општина Прилеп адвокатот Стеваноски поднесе пријава до Одделението за комунална, урбанистичка, градежна и сообраќајна инспекција при локалната самоуправа на Општина Прилеп.

12167859_1131584933518642_1540267962_n

Советот на Општина Прилеп на седницата одржана на 27.02.2015 година донесе Одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележје на Крал Марко во рамките на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

Меѓутоа уште неизграден, споменикот покрена дилеми поврзани со неговата легалност.

Жарко Стеваноски – адвокат

Со поставувањето на споменикот на Крал Марко спротивно на законски предвидената процедура потрошени се 10.000.000,00 денари буџетски средства на Општината, спротивно на законот. Вложувањето на овие средства и тоа како е потребна во далеку поважни свери од опшественото живеење, инвестиција кое ќе отвори нови перспективи и ќе даде поттик на младите генерации да ја гледаат својата иднина во Прилеп.

Одбележувањето на значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен-обележја, условите и постапката за нивно градење,одговорноста за подигањето, заштита, чување и регистрите за нивна евиденција, ги предвидува Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата. Според член 25 од тој Законот, одобрение за градење на меморијален споменик и спомен-обележје издава надлежниот орган, согласно закон.

Жарко Стеваноски – адвокат

Со оглед на тоа што Општина Прилеп нема донесено таква Програма, тогаш, согласно член 25 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, не може да постои одобрение за градење на споменик на Крал Марко. Од тие причини од градежните инспектори во локалната самоуправа побарав да извршат инспекциски надзор над изградбата над ова спомен обележје. Врз основа на тоа очекувам да биде донесен соодветен акт со кој ќе се спречи неговата изградба, а против одговорните лица да биде поведена постапка пред Основното јавно обвинителство за кривично дело „бесправно градење“, според чл.244-а од Кривичниот законик (КЗ) на РМ. Во спротивно ќе бидам принуден да поведам постапка и против инспекторите кои го вршеле предметниот надзор.

Одобрение за градење не смее да се издаде ако меморијалниот споменик, односно спомен-обележјето, не се содржани во Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици или спомен обележја кои во овој случај треба да го донесе Советот на Општината.

Општина Прилеп сѐ до денеска нема донесено Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

Жарко Стеваноски – адвокат

Во нашиот Кривичен законик постои едно кривично дело што се вика „Бесправно градење„ од чл.244-а кое вели „Службено лице во локална самоуправа или во орган на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот кое ќе донесе решение за локациски услови спротивно на важечки урбанистички план ќе издаде одобрение за градење спротивно на решението за локациски услови и стори нарушување на планираниот простор, со што за себе или за друг прибави противправна имотна корист или на друг му нанесе штета ќе се казни со затвор од три до осум години.

Пријава поднесена од адвокат Жарко Стеваноски

12170256_1131585043518631_836799286_n 12179530_1131584966851972_1737712075_n

Одговор од ЕЛС Прилеп за Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

odgovor_od_opstina_za_programa_za_spomenici odgovor_od_opstina_za_programa_za_spomenici_2 odgovor_od_opstina_za_programa_za_spomenici_3