Во центарот на Прилеп, тројца прилепски уметници на две различни локации насликаа мурали на Блаже Конески и Стале Попов заедно со дечките од ЦСЛУ, Јана Ристеска и Горан Ристески.
Идејното решение и изведбата на муралите е на познатите академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго, кои не го криеа своето задоволство што создале вредни дела и приредија вистинска уметничка магија на прилепчани.