52-годишна наставничка од училиште во прилепската населба Тризла пријавила дека била физички нападната од колга.
– На 29.06.2023 во ОВР Прилеп Г.Н.(52) од Прилеп пријавила дека додека била на работно место во училиште во населба Тризла во Прилеп, била физички нападната од нејзиниот колега М.Р, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.