Wednesday, February 12, 2025
-4.2 C
Skopje

ВО ПРЕКИН СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ ГЕВГЕЛИЈА-БОГДАНЦИ ПОРАДИ ИЗЛИЗГАНА МАШИНА ЗА ЧИСТЕЊЕ СНЕГ

Сообраќајот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци од 09:50 часот е во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Претходно Министерството за транспорт и врски информираше дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.

-Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот.

Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта, велат од Министеството.

Апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

ОВАА НЕДЕЛА

МАКЕДОНСКАТА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА БЕЛЕЖИ ПАД ОД 12 МЕСТА

Македонија се најде на 88-то место од 180 држави,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ