Во последните 10 години Сител ги зголемил приходите за пет, а Канал 5 за четири пати!

0
1070

Во последните десет години ТВ Сител успеала да ги зголеми вкупните приходи за речиси пет пати, ТВ Канал 5 за речиси четири пати, а ТВ Телма во 2014 година остварила исто толку приходи колку и пред десет години, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, што ја објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

sitel-kanal-5-540x351

Во 2014 година Сител телевизија остварила 43,61% од вкупните приходи на петте телевизии телевизии што емитуваат програма преку терестријален мултиплекс на државно ниво  (Сител, Канал 5, Алсат-М, Телма, Алфа). Или, попрецизно, Сител лани остварила приход од 8,7 милиони евра.

754893434-540x242

Сите пет телевизии оствариле вкупни приходи од околу 20 милиони евра, а втора на листата е Канал 5 телевизија со 22,43% од приходите, односно околу 4,5 милиони евра. Алсат-М имала удел од 13,31%, или околу 2,6 милони евра, а Алфа 13,18%, односно околу 2,6 милиони евра. ТВ Телма е последна на листата со вкупно 7,47%, односно околу 1,5 милиони евра.

ТВ Сител и ТВ Канал 5 прикажале 49,39% од приходите од рекламирање на сите комерцијални телевизии во државава. ТВ Сител остварила повеќе приходи од рекламирање отколку сите сателитски, регионални и локални телевизии заедно, пишува во анализата.

Вкупните трошоци на овие пет телевизии минатата година изнесувале 19,3 милиони евра. Повторно прва е Сител телевизија со потрошени 7,4 милиони евра.

Сепак, според анализата, позитивен финансиски резултат од работењето оствариле ТВ Сител, ТВ Канал 5 и ТВ Алсат-М. Најлош резултат од работењето остварила ТВ Алфа (загуба од 26,76 милиони денари).

Радиостаници

Вкупните приходи коишто во 2014 година заеднички ги оствариле четирите комерцијални радиостаници што емитуваа програма на државно ниво изнесувале 1,1 милиони евра.

Највисоки вкупни приходи во износ од 422 илјади евра прикажала РА Антена 5, а второ на листата е новото Радио Слободна Македонија со 357 илјади евра. На оваа радио станица свои емисии имаат голем број од поддржувачите на власта, како Миленко Неделковски, Јанко Илкоски, Тања Каракамишева, Ивица Боцевски, Ристо Никовски итн.

Трето на листата е радио Канал 77 со 324 илјади евра приход, а последно на листата е Метрополис радио со околу 48 илјади евра.