ВО ПЕТОК НАЈАВА И ПОВИК ЗА ГОЛЕМ ФУДБАЛСКИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАРОБЕНАТА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

0
390
Повик до цела Македонска фудбалска јавност до секој спортски работник, до секој човек без оглед на националност, повик до старо и Младо… Доста беше, политиката, уцените, поделбите, самоизбирањето, го окупираа фудбалот последната деценија. Секој оној кој сака подобар фудбал, подобро фудбалско владеење е добродојден. Мирен протест легитимно право на секој граѓанин. Да бидеме посилни од секоја провокација, да бидеме посилни од секој кој ќе сака да не се случи првиот фудбалски протест против политичкото владеење и окупацијата на ФФМ. Драги луѓе, спортисти, фудбалери, спортски работници да покажеме дека имаме спортска култура со најмоќното оружје зборот, и со најмоќното легитимно право на секој човек гласно на улица да изрази незадоволство и да каже стоп за она што го видовме последните ДЕЦЕНИЈА и нешто повеќе.

Политика, политички пораки видовме, политички провокации видовме, да одговориме на најспортски начин со збор, со глас, со песна, без говор на омраза, без политички флоскули, без да собирате поени кај политички партии, без минери на самиот протест. Фудбалот заслужува фер и коректен избор за претседател, не фашистички со еден кандидат и со самоизбирање. Само ако се држиме до спортската култура ќе видиме кој се минери на тој протест ако се обидат да направат провокации… Затоа е важна спортската култура. Имаме право да ја пееме химната, имаме право да кажеме дека повеќе од деценија оние кои се во ФФМ прават што сакаат за нив, ама не и за доброто на фудбалот. Видовме политика ама сега доста е. Знаеме како се избираше Илчо Ѓорѓиевски, знаеме како се избираше Сејдини, знаеме дека уцените не се фудбалски сегмент.

Повик до секоја јавна институција, повик до секоја спортска институција да прекинат со наведната глава и кренати раменици да си ги завршат сите фудбалски работи кои се кријат во фиока. Повик до финнсова полиција. Повик до сите кои сакаат да направат добар чекор за неполитиџација на ФФМ. Секој кој сака да дојде ќе дојде, без оглед каде работи и за која политичка партија, фудбалот треба да е над секоја институција и политичка партија.

Дозволено е транспаренти, вода, кафе, сок… звучници, микрофони и сите помошни работи кои сметате дека ќе бидат од помош.

Собир 17:00 Хотел Русија

Се собираме до 17:30 и тргнуваме кон ФФМ, таму ќе ја испратиме нашата спортска, фудбалска порака за промена на ваквиот начин на САМОИЗБИРАЊЕ.

Изговори не се прифаќаат, секој што сака ќе дојде, секој што не може ќе најде начин.
Фактор изненадување медиуми од регионот ќе бидат известени и ќе имаме вклучување нека слушне регионот нека не слушне светот, целата порака ќе биде пратена и до ФИФА и УЕФА.
Линк од настанот кој се споделува на социјалната мрежа Фејсбук ОВДЕ