Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ВО ПАНАМА ОТКРИЕНА ГРОБНИЦА СО МНОШТВО ЗЛАТНИ ПРЕДМЕТИ

Во провинцијата Клокле, лоцирана 160 километри југозападно од Панама Сити, тим археолози од панамското Министерство за култура откопа уникатен тип на погребен објект, во кој била сместена и збирка од фино изработени златни предмети. Извонредното откритие е дел од гробница која датира од 750 година од нашата ера, која се наоѓа во археолошкиот парк Ел Кањо.

Врз основа на анализата на посмртните останки, научниците претпоставуваат дека човекот закопан на оваа локација имал околу триесет години и веројатно припаѓал на „клокле културата“, предколумбиска цивилизација која опстојувала во оваа област со векови, сѐ до доаѓањето на првите Европејци на почетокот од XVI век. При ископувањата, кои сѐ уште се во тек, археолозите пронашле бројни скапоцени предмети поставени околу телото. Од нив се издвојуваат пет златни пекторали, повеќе видови обетки со различни форми (некои украсени со заби од кит, други изработени од злато во облик на крокодил или со антропоморфни карактеристики), нараквици, два појаса украсени со златни бисери, чинии (исто така од злато), коскени флејти и здолништа изработени со кучешки заби.

Според популарните практики за погребување од тоа време, човекот бил погребан со лицето надолу. Но тој не бил сам во гробницата. Имено, придружувајќи го во задгробниот живот под него биле закопани и една жена и околу триесет други лица, кои според експертите можеби биле жртва на ритуално жртвување. Токму оваа карактеристика, го прави погребот многу специфичен, што сведочи за високиот ранг на погребаниот, смета Хулија Мајо, директорка на Фондацијата Ел Кањо, која е одговорна за ископувањата. Сосема извесно е дека гробницата веројатно припаѓа на мошне истакната личност од тоа време, а можно е да се работи и за “благородник” од кралска лоза.

Извор : Емитер

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ