Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ПАНАЈОТ ГИНОВСКИ“ ВО СКОПСКИ БУТЕЛ РОДИТЕЛИТЕ ОДЛУЧИЈА ДЕЦАТА ДА НЕ ГИ ПУШТАТ НА НАСТАВА ПОРАДИ ПОЈАВАТА НА ГЛУВЦИ

По појавата на глувци во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел и реакции од родителите, кои одлучија децата да не ги пуштат на настава, министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека мерката е многу едноставна, се вика дератизација.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска Јаневска рече дека ќе биде контактирана директорката на училиштето во врска со тоа што е преземено за да се надмине проблемот, а на реакција од медиумите дека директорката на „Панајот Гиновски“ не соработува со новинари, ниту со совет на родители и општината, министерката порача дека обврска на сите директори е да си ја извршуваат функцијата за која се поставени.

Јас предлагам една многу едноставна мерка која се вика дератизација, а потоа и еколошка акција во училиштето. Веќе ја примивме информацијата, пред сè од медиумите, ја следиме состојбата и преземеме соодветни чекори понатаму. Соработката е неопходна со сите институции со кои училиштето е поврзано.

Директорите се поставени за да ја организираат наставата, но и сите други активности на училиштата – рече Јаневска. Според сведоштва на родителите, глувци биле забележани не само околу училиштето, туку и во неговата внатрешност.

 

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ