Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

ВО ОО СДСМ ПРИЛЕП СЕУШТЕ ВИРЕЕ ЛИЧНИОТ ИНТЕРЕС ПРЕД ЧЛЕНОВИТЕ И ГЛАСАЧИТЕ: ПЕТМИНА КАНДИДАТИ ЌЕ ГИ ДЕЛАТ ДОБИТНИТЕ СОВЕТНИЧКИ МЕСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ОКТОМВРИ

На 6ти јуни месецов претседателот на СДСМ, Венко Филипче беше присутен во паркот кај судот на маалска средба со одбрана пченица присутни и дел од актуелни и идни добитници на советнички мандати.

На истиот ден се одржал состанок во партиските простории каде збор земала Саша Лепиткова со прашање “зошто Петра Лукаровска да не се поддржи како кандидат за градоначалник” на општинската организација, при што актуелната претседателка на ОО СДСМ Прилеп мудро одбила.

Одбивањето е секако од лични причини, затоа што на првите пет места на советнички листи се наоѓаат претседателката на општинската организација Петра Лукароска, Бојан Цветаноски претседател на СДММ Прилеп, Александар Китаноски, Саша Лепиткова и Кети Стевананџија на што Венко мудро одговорил во стилот на договорете се како што вие ќе посакате и така ќе ви удостојам.

Додека пак низ партиските кулоари сеуште се разговара за кандидатури на Кети Стевананџија и Петра Лукароска иако претходно истите одлучија да се дистанцираат од таа можност преку земениот збор на Саша Лепиткова.

По најавата на премиерот Мицкоски, дека СДСМ на следните локални избори може и нула општини да освои очигледно никој од горенаведените не сака да го превземе жешкиот костен и да се жртвува за партијата па одлучиле сите сложно да се кандидираат до 5то место на советничка листа кое според партиските математики се добитни позиции и со тоа да им се загарантира 4 годишен советнички мандат, што уште еднаш го покажува личниот интерес и бенефит над партискиот и над гласачкиот електорат.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО И ЌЕ ГИ БРАНАМ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се...

НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ТВ АЛСАТ КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Екипата на ТВ Алсат била нападната во близина на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ