ВО НОЕМВРИ ОВАА ГОДИНА НЕ ОЧЕКУВА ОДЛИЧЕН ФУДБАЛ, ВЕЌЕ Е ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ НА ГРУПНАТА ФАЗА НА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР

0
612

Во Доха, главниот град на домаќинот Катар, вечерва со жрепка беше одреден составот на групите за Светското првенство во фудбал 2022.

На Мундијалот во Катар ќе бидат одиграни вкупно 64 натпревари, а жрепката одлучи на отворањето, на 22 ноември, да играат домаќинот Катар и Еквадор.

Настап на Светското првенство спроти одредувањето на групите изборија 29 репрезентации, а последните три ќе бидат познати по завршните бараж натпревари.

Група А: Катар, Холандија, Сенегал, Еквадор

Група Б: Англија, САД, Иран, (Велс/Шкотска/Украина)

Група Ц: Аргентина, Мексико, Полска, Саудиска Арабија

Група Д: Франција, Данска, Тунис, (Перу/ОАЕ/Австралија)

Група Е: Шпанија, Германија, Јапонија, (Костарика/Нов Зеланд)

Група Ф: Белгија, Хрватска, Мароко, Канада

Група Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун

Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана