Во насока на подобрување на условите за исхрана и обезбедување поквалитетна грижа за пациентите и персоналот, кујната во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп е затворена.✖
Од денес, оброците се обезбедуваат преку кетеринг услуга од компанијата „Ана Марија Фуд“, со што се овозможува:
✔Подобар квалитет и свежина на храната
✔Поголема разновидност на оброци
✔Подобра усогласеност со нутритивните и диететски потреби на пациентите
Оваа промена е дел од континуираните напори за модернизација на болницата и унапредување на стандардите на здравствена заштита.
Дополнително, направената промена е и финансиски поисплатлива, со што се овозможува подобро управување со буџетот и насочување на средства кон други приоритетни здравствени потреби.
Истовремено, се воведоа дефинирани протоколи за поделба на храната, со цел да се обезбеди еднаков пристап и да се зголеми безбедноста и квалитетот на оброците за сите пациенти и вработени.
Раководството останува посветено на унапредување на условите во болницата и обезбедување грижа на највисоко ниво.
Фејсбук статус на општата болница ЈЗУ ,,Борка Талески” Прилеп.