ВО МОНТЕ КАРЛО СЕ ИЗВРШИ ЖДРЕПКАТА ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ – ЈУВЕНТУС И СИТИ, ЖИРОНА ПРОТИВ ЛИВЕРПУЛ И ПСЖ, БАРСЕЛОНА ДОАЃА ВО БЕЛГРАД НА МАРАКАНА

0
189

Во Монте Карло денеска беше извлечена ждрепката во Лигата на шампионите која првпат ќе се игра во нов формат.

За разлика од досегашните ждрепки сега скоро се беше компјутерски направено. Екипите во лигашкиот систем ќе одиграат осум натпревари и најдобрите осум од групата ќе продолжат во следната фаза, додека бараж ќе играат екипите од 9. до 24. позиција.

Сезоната стартува на 17. септември и натпревари ќе се играат од вторник до четвртокот, досега натпревари во елитата гледацвме само од вторник и среда. Кога се Македонците во прашање Бојан Миовски со Жирона ќе игра против Ливерпул, Арсенал, Феенорд и Слован Братислава на домашен, како и против ПСЖ, Милан, ПСВ и Штурм на гостински терен.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо ќе се сретнат против Борусија Дортмунд, Арсенал, Милан, Баерн, Селтик, Салзбург и Монако, а тука е и тимот кој ја елиминираше Струга во квалификациите Слован Братислава.

Последниот наш претставник Елиф Елмас со Лајпциг ќе одигра натпревари против: Ливерпул, Јувентус, Спортинг Лисабон и Астон Вила на домашен терен, односно Интер, Атлетико Мадрид, Селтик и Штурм кај противниците.

Во продолжение комплетниот распоред на сите екипи во оваа нова сезона со новиот формат.