Во македонските болници во употреба ќе бидат ставени 20 респиратори, донација од Норвешка

0
87

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош во земјата, ги предаде во употреба респираторите, донација што ја обезбеди Кралството Норвешка.

Османи појасни дека се работи за 20 респираторни машини, кои се реализирани преку претставништвото на УНОПС во земјата, а по потекло се од Турција.

Десет од донираните 20 респиратори ќе ѝ бидат ставени на располагање на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, а преостанатите 10 ќе бидат распределени во здравствените установи во земјата, односно во клиничките болници во Тетово, Битола и во Штип, каде што ќе се испратат по две респираторни машини, и по еден апарат во општите болници во Струга, Охрид, Прилеп и во Струмица.

Вицепремиерот нагласи дека оваа опрема, дури и кога целосно ќе мине заканата од Ковид-19, во значаен дел ќе го подобрат здравствениот систем и потенцијалот на здравството за справување со тековните предизвици.