ВО КИКИФРИКИ ТАБОРОТ И НА ЦРВЕНКОВСКИ ЌЕ ЗБЕСНАТ, ЗАЕВ ГО ПОМНОЖИ БРАНКО СО НУЛА: ШТО САКА НЕКА ЗБОРУВА, НИШТО НЕ МИ ЗНАЧАТ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ

0
2431

Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање за изјавата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски дека двата договори, Преспанскиот и Договорот со Бугарија, ја отвориле Пандорината кутија, не сакаше да коментира.

„Не сакам да навлегувам дополнително во коментари, си има тој свое гледање, јас моето гледиште секој ден го соопштувам. Верувам дека „договор куќа гради“, дека секој договор може да донесе добро, нешто што е европско, и дека низ дијалог треба да се помине процесот“, изјави Заев.