Читател на Мактел од Тетов ни ја испрати оваа фотка од службеното возило на народниот правобранител Иџет Мемети паркирано на тротоар во сред Тетово.
Нашиот читател ни изјави дека лично го видел обдусманот како го паркира често возилото во близина на зградата каде живее, и ни вели дека никој друг не смее така да паркира, пајак одма ги крева сите, но неговото возило никој не смее да го чепне.
Му се јавивме на мобилен на обдусманот за да ја провериме оваа информација, наместо објаснување добивме дрско арогантно вреѓање, парафразираме:
– Па што, голема работа, ме бол к.. за тоа што ми се јавувате, јавете ми се за нешто поголемо, како не ви е срам да ми се јавувате за вакви банални работи, па ти знаеш ли кој сум јас, ова да е последен пат што си ми се јавил, разбра?!?!
Ова беше разговорот меѓу Иџет Мемети и уредникот на Мактел, Саше Политико.