Wednesday, April 30, 2025
13.8 C
Skopje

ВО ЗАСТОЈ ОТКУПОТ НА ОРИЗОТ ОД МИНАТОГОДИШНОТО ПРОИЗВОДСТВО

Оризот од годинашната реколта остана во амбарите – откуп и понатаму нема.

На само неколку дена пред официјалниот почеток на новата сезона за производство на ориз, производителите на „белото злато“ во кочанскиот регион незадоволни, но и загрижени, бидејќи, како што велат, над 50 отсто од оризовата арпа сѐ уште им стои во домашните магацини затоа што откупно-преработувачките претпријатија не склучуваат нови договори за откуп, а и цените што ги нудат се неприфатливи во однос на трошоците за производство.

Откупувачите ја потврдуваат фактичката состојба на терен и посочуваат нивните магацини се преполни со арпа што не се преработува бидејќи подолг период се соочуваат со отежнат пласман на бел ориз на пазарите во соседните земји.

Меѓутоа, оризопроизводителите проблемот за ваквата ситуација го гледаат во сосема друга насока. Дополнителен проблем претставува лошата хидролошка состојба во текот на зимскиот период, со што новата сезона за производство на ориз се става под знак прашалник.

И покрај интензивните врнежи од дожд деновиве, што двојно го зголемија водостојот на река Брегалница, сепак количините со кои располага акумулацијата Калиманци не се доволни за целосна реализација на планот за сеидба во споредба со минатата година, па оттука годинава можни се и рестрикции на оризовите површини.

Извор : ТВ24

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ