ВО ЖИВО ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: Влажниот бран навгелува во Македонија

0
655

Полека од запад кон Македонија започна да навлегува најавениот влажен воздушен бран од Медитеранот и во овие предели веќе има врнежи од дожд додека снег паѓа само на највисоките планински места.

Понатаму према вечерните и ноќните часови кон утрешниот ден (вторник) врнежите ќе се прошират и во останатит епредели меѓутоа полека овој влажен бран ќе се поместува од запад према исток.

0609-1

На повеќе места врнежите ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат околу 10 л/м2 а локално и околу 20 л/м2 воден талог. Локално не се исклучува можноста и за развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, на некои места засилен повремено и силен ветер од јужен правец кој ќе достигнува брзина од околу или над 60 км/час. Поради падот на температурите на планините ќе има врнежи од снег.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!