Monday, February 10, 2025
2.8 C
Skopje

Во живо во 18 часот: „Каква Македонија сакаме?“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот профил на Фејсбук напиша дека денешната дебата во живо ќе може да се следите во 18 часот на www.sdsm.org.mk како и на www.gragjanite.mk

debata(2)

Граѓанската коалиција „Граѓаните за Македонија” денеска во 18 часот, на централната бина во протестниот камп пред Владата на Република Македонија, ќе одржи дебата.

На дебатата ќе се обратат претставници на граѓански организации и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со свои визии и позиции во врска со прашањето „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“.

Модератор ќе биде Марјан Забрчанец, Платформа за граѓанска политика “Ајде!”

Говорници:

– Зоран ЗАЕВ, претседател на СДСМ;
– Наталија ПОПОВСКА, Транспарентност Македонија (област: транспарентност на институции и трошење јавни пари);
– Мухамед ЗЕКИРИ, новинар (област: медиуми);
– Дона КОСТУРАНОВА, Национален младински совет на Македонија (област: млади);
– Ирена СТЕФОСКА, Vox Academica (област: образование);
– Никола ПИСАРЕВ, Центар за современи уметности (област: проблеми на локално население);
– Уранија ПИРОВСКА, Хелсиншки комитет за човекови права (област: судство и правна држава);
– Славчо ДИМИТРОВ, Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници” (област: човекови права);
– Владимир ЛАЗАРЕВИК, Хелтгрупер (област: здравство)

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНИ СТАНОВИ ЗА 1.000 ЕВРА ПО м2 ЗАПОЧНУВА УТРЕ ВО БИТОЛА

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови...

ЧИСТЕЊЕ СНЕГ НИЗ УЛИЦИТЕ НА МОНТРЕАЛ

Отстранувањето на снегот на тротоарите и улиците низ Монтреал,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ