ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ДРЖАВАВА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОВЕЌЕ ОД 15 ЛИЦА

0
959

Македонската полиција засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица.

При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.