Во Германија нема прислушување на граѓаните од Владата како во Македонија

0
704

Во Германија нема масовно прислушување на граѓаните од Владата како што е случај во Македонија, туку економска шпионажа на две високотехнолошки компании од страна на американската агенција НСА со помош на структури на БНД (германската сојузната информативна служба).

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Не е можно да се прави споредба/аналогија меѓу случајот со прислушувањето на над 20.000 граѓани од страна на власта на Груевски со случајот на шпионирање на компании во Германија.

Јасна е целта на власта, преку медиумите под своја контрола да манипулира со граѓаните преку погрешно информирање за да го отргне вниманието на граѓаните од барањата што ги упатуваат амбасадорите на Германија и САД, за Груевски да си поднесе оставка.

Во продолжение ќе објаснам подетално за случајот во Германија кој се одвива токму деновиве.

Прво;

Имено, не постои прислушување од БНД (Сојузната информативна служба) на своите граѓани. За тоа досега нема ниту сомнежи, никој не зборува за тоа. Станува збор за основани сомнежи за шпионирање на компаниите Eurocopter и EADS од НСА со помош на структури во БНД.

Eurocopter произведува хелихоптери а втората EADS, односно Airbus произведува авиони, вселенски летала, опрема за одбрана…. Двете фирми развиваат и располагаат високи технологии.

Второ;

САД и Германија, односно НСА и БНД во 2002 година склучуваат договор за соработка соработка против тероризмот. Договорот е последица на борбата против тероризмот по нападите на 11 септемрви 2001 година на кулите близначки во Њујорк. Со овој договор БНД и овозможува на НСА да го користат и за свои потреби центарот на БНД за следење сателитски комуникации, сместен во Bad Aibling, град во Баварија.

Со договорот било уредно државјани на Германија да не бидат предмет на следење, на нивните телефони и електронската комуникација.

Постојат сериозни индикации кои упатуваат дека се прекршени правилата на договорот и дека Американците преку структуриво БНД вршеле економска шпионажа, односно ги шпионирале компаниите Eurocopter и EADS.

Трето;

Првично аферата ја отвори токму кабинетот на канцеларката Меркел, односно Владата, која јавно упати критики до врвот на БНД дека таа се чуствува не доволно информирана за работата на службата. Владата побарала итно Надзорната комисија за контрола на БНД да почне истрага, воедно се вклучува и Бундестагот (Парламентот).

Суштината на аферата е сомнежот дека до Комисијата за контрола на Бундестагот се доставени погрешни информации.

Сега се бара да се утврди одговорноста кој ги сокривал информациите за шпионажата на Eurocopter и EADS од НСА. Критиките се упатени кон сегашниот министер за внатрешни работи Thomas de Maizière. Тој од 2005 до 2009 година, како тогашен шеф на кабинетот на Меркел, бил одговорен за контрола на работата на БНД. Наводно Thomas de Maizière, испратил погрешен извештај до Бундестагот за работата на БНД. Дали било така, ако било, дали тоа било со знаење или пак и Thomas de Maizière немал точни сознанија шпинажата. Секако истрагата тоа би требало да покаже.

Четврто

Владините медиуми манипулираат со нашите граѓани и со аферата за прислушувањето на мобилниот телефон на канцеларката Меркел од страна на НСА. Овој скандал е обелодент и американскиот претседател Барак Обама го призна и се извини, проблемот за затвори со разбирање и извинување, како што доликува меѓу две пријателски држави и партнери во НАТО.

Скандалот ниту малку не беше пријатен и тој ги заостри односите меѓу двете држави. Имаше и последици. На дипломати на САД им беше откажано гостопримството во Германија, но тоа се случи тивко. Американците се правдаа дека се повикале на некој член во некој закон донесен веднаш по Втората светска војна, во тогашна западна Германија, кога таа беше под контрола на САД. По овој скандал, тој член беше остранет.

Петто;

Шпионажа меѓу државите постоела одсекогаш, постои и ќе постои. Токму тоа е работата на тајните служби, инаку која е нивната намена за да постојат. Разликата е во тоа што нашите тајни служби, како што е случај со УБК, ги прислушува, шпиунира своите граѓани, опозицијата-сите кои ја загрозувала власта на Груевски.

УБК е ставена во функција за реализација на лични интереси на Груевски и неговите соработници за да се одржат на власт и да ги реализираат своите цели за лично богатење. На тоа жупатуваат снимките кои ги објави Зоран Заев, лидерот на СДСМ и опозицијата.

Сосема друга ситуацијата ќе биде ако нашата УБК е замешана во шпиунски скандал со друга држава. На пример, нашата УБК да се обидувала да добие нелегално информации за развој на технологии за производство на енергија, да речеме за потребите на РЕК Битола.

М-р Митко Јованов