ФОТО ГАЛЕРИЈА : ВО ГАЛЕРИИТЕ НА НУЦК МАРКО ЦЕПЕНКОВ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ УМЕТНИК И ЛИКОВЕН ВИРТУОЗ ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ

0
97
Отворена изложбата на мултимедијалниот уметник Златко Крстевски !

Љубителите на уметноста од Прилеп во следните десетина дена ќе можат да проследат еден несекојдневен проект насловен како COPERNIKUS 551.

Се работи за одбележување на 551 година од раѓањето на Никола Коперник, преку делата на педесетина уметници од 34 земји кои на свој начин го доживуваат Коперник и преку еден нов вид на уметничко изразување за нас, наречено мејл АРТ, се промовираат низ светот.

Златко Крстевски е еден од пионерите на овој вид на уметност и преку здружението во кое работи КОПЕРНИКУС ЛАБ повеќе години наназад ги промовира Прилеп и Република Македонија низ светот.