Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската акција на бугарскиот Црвен крст, „Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија, за помош во лекувањето на младите повредени во инцидентот во Кочани.
Сите кои сакаат да даруваат крв можат да даруваат во ММА Крвниот центар – од понеделник до недела, од 08:00 до 16:00 часот, информираат од медицинската установа.
Во бугарските болници се примени 14 од настраданите во пожарот во диво дискотека во Коачни. Тие се сместени во ВМА-Варна, во Пловдив „Свети Ѓорѓија“ и во ургентниот центар „Пирогов“.
Меѓу жителите има и деца. Нивната состојба е сериозна – имаат изгореници по телото и дишните патишта. Директорот на „Пирогов“, д-р Валентин Димитров, објасни дека сите пристигнале во силен термички шок.
„Знаеме дека инцидентот се случил во 3 часот по полноќ во сабота наспроти недела – тоа значи дека тие биле во термички шок 24 часа. Ова е тешка состојба за секој организам“, објасни Димитров, цитиран од bTV.
Некои од повредените, примени во бугарските болници, имаат ретка крвна група – „А“ негативна, а нивниот третман ќе биде долг и ќе им биде потребна трансфузија на крв во рок од неколку месеци.
За помош на настраданите пред Пирогов веќе е отворен и крводарителски центар. Состојбата на пациентите и понатаму е сериозна.