Во Европскиот парламент во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со посредство на европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, а со цел ставање крај на политичката криза во Република Македонија.
Првата средба на претставници на двете партии се одржа, исто така, во Брисел на 30 март. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваа Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер. Тие имаа одделни средби со тројката европратеници, а потоа и кус заеднички состанок.
Пo првата рунда од дијалогот во заедничкото соопштение испратено од канцелариите на Вајгл, Кукан и Ховит, освен најава за нова средба по Велигден, не беа презентирани детали за содржината на разговорите.