ВО БИТОЛА СЕ РАБОТИ: РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ВТОРА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ МУРАТО

0
136

Во тек е изведбата на коловоз на втората делница од ул. „Димитар Илиевски Мурато“, на потегот од семафорите кај Гроздот, до раскрсницата со Широк Сокак.

Екипите на терен вршат гребење на старата асфалтна површина, по што ќе следува поставување на ивичници, асфалтирање и поставување на ново улично осветлување.

Претходно, на оваа улица, во првата и втората делница, екипите на ЈКП „Водовод“ целосно извршија санација на водоводната мрежа со промена на старите приклучоци. По интервенцијата во водоводната мрежа, се асфалтираше првата делница од улицата „Димитар Илиевски Мурато“. Вредноста на овие зафати со средства на Општина Битола е околу 12.000.000 денари.

На првиот потег, од раскрсницата на ул. „4 Ноември“ до Гроздот, веќе се поставува ново улично осветлување и се врши комплетно хортикултурно уредување на тревната површина и поставување на клупи, од страна на екипите на ЈП „Комуналец“.