Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

ВО БЕЛГРАД ШАТОРИ КРЕНАА „КОНТРАСТУДЕНТИ“: „КНИГИ, БРАЌА, А НЕ ПЛЕНУМИ И ТРАНСПАРЕНТИ“

Студенти од Србија кои сакаат да студираат и бараат прекин на блокадата на факултетите, кои себеси се нарекуваат „Студенти 2.0“, што имплицира дека се подобра верзија од мнозинството колеги кои со месеци протестираат низ земјата, вечерва се собраа во паркот пред Претседателството каде планираат да преноќат во шатори, јави „Нова.рс“.

Во паркот се поставени шатори каде учениците ќе преноќат, а донесени се и мобилни тоалети. Насобраните, парадоксално, изразија противење на транспарентите со развивање на голем транспарент на кој пишува: „Книги, браќа мои, книги, а не пленуми и транспаренти“.

Студентите кои бараат прекин на блокадата во средата ги изнесоа своите барања, од кои првото е наставата на факултетите и другите високообразовни институции да почне до 10, а најдоцна до 17 март.

Тие изнесоа и барања во врска со мораториумот на студентските кредити, намалување на условите за запишување во буџетот, зголемување на бројот на испитни рокови, поместување на почетокот на новата учебна година, зголемување на износот на студентските стипендии и кредити, продолжување на рокот за одбрана на магистерски и докторски труд, намалување на обемот на материјали, полагање на сите обврски за полагање пред испит и ревидиран план за упис на бруцоши.

Бараат основните и средните училишта веднаш да почнат со настава по сите предмети, од претседателот на Србија, премиерот и претседателот на српското Собрание бараат да направат се што е во нивна моќ за нормализирање на состојбата во образованието, а бараат и оставка од министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, пишува „Нова“.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ