Во акцијата на МВР во која е запленета дрога приведен командир од Прилеп

0
131

Во голема полициска акција во којашто е запленета дрога во вредност од над 800.000 евра, а за која објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, приведен бил командир од прилепската полициска станица.

Ова се неофицијални информации кои засега Министерството за внатрешни работи не ги потврдува.

Од таму само велат дека акцијата уште трае. Спасовски на Фејсбук напиша дека акцијата се води заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.

МВР за утре најавува информација за резултатите од акцијата.